Сексот кај пајаците

Пајаците се застрашувачки животни, но нивниот секс е уште пострашен.

Стравот од пајаци и слични животни, како скорпии, се нарекува арахнофобија и претставува една од најчестите фобии. Некои луѓе толку се плашат од овие осум-ножни животни што дури не можат да ги гледаат ниту на слика, а веројатно не ни знаат каков секс имаат пајаците. Зошто сексот на пајаците е навистина морничав!

Пајаците се многу осамени, така што, пронаоѓањето на женка може да биде прилично тешко за мажјаците.

Според една студија објавена во „Animal Behavior“, црната вдовица ги користи феромоните да ја претвори својата мрежа во еден вид на сексуална антена. Со рецепторите од предните нозе, машкиот пајак може да ја почувствува возраста, историјата на парење, како и тоа колку е гладна женката, според нејзините феромони. Ако е спремен за парење, мажјакот ќе скокне на мрежата на женката и ќе ја раскине, за да ги спречи другите пајаци да дојдат до неа.

Како всушност пајаците имаат секс многу се разликува во зависност од видот. Повеќето машки пајаци имаат пипала преку кои ја испуштаат спермата во женката. Ако женката е спремна да ја прими спермата, мажјакот ја испушта и набрзина бега, за да не биде изеден од женката и да може повторно да се пари.

Изненадувачки, но многу од пајаците се моногамни. Една студија објавена во „Biology Letters“, покажува дека црните рибарски пајаци (dolomedes tenebrosus) се парат само еднаш во животот, бидејќи, буквално, нивниот мозок и пенис не можат да функционираат истовремено. Тие имаат пипала кои се дуваат и кога ќе најдат партнерка за парење, пипалата им се дуваат и крвниот притисок им паѓа толку многу, што стануваат неподвижни. После сексот, пипалата не можат да се издишат и тие остануваат заглавени во женката уште неколку часа, пред да загинат.

Поддржете ја нашата работа: