Сензор на допир кој може да се витка и да се растегнува +( Видео )

Истражувачите од Универзитетот  во Британска Колумбија (УБК) развиле транспарентен сензор на допир кој функционира дури и кога ќе се растегне или ќе се свитка.Оваа технологија би можела да се искористи за креирање на уреди со екрани кои ќе може да се виткаат или за технологија која ќе може да се носи и ќе се прилагодува на телото.

„Ова е првиот транспарентен сензор на допир кој  може да детектира допир дури и кога е деформиран“- вели Мирза Сакиб Сарвар, инженер по електроника и компјутерско инженерство на УБК.

Сарвер е водечки автор на студијата објавена во списанието  „ Science Advances“, каде се опишува прототип на сензор кој користи високоспроводлив гел поставен помеѓу  два слоја од силикон.

Прототипот е со големина од пет на пет сантиметри, но лесно може да се направи и во поголеми размери.

Sarwar

„Користевме   евтини материјали кои се широко достапни и едноставен процес за изработка што ни овозможува да произведеме еден метар квадратен по цена од околу  еден долар-вели Сарвер.

Овој сензор би можеле да ја промени  иднината на таблетите  и на преносната технологија.

„Замислете уред кој може да го превиткате или да го свиткате во ролна и да го ставите во вашиот паричник или во џеб, а кога ќе ви затреба да може да го одвиткате  и да го претворите во голем таблет и да го користите. Овој сензор би можел да најде широка практична примена“– вели Сарвер.

Според истражувачите, сензорот би можел да се интегрира и во роботите и да ги направи побезбедни за користење од луѓето.

„Засега машините се одвоени од луѓето на работните места, бидејќи постои можност тие да ги повредат луѓето. Доколку роботите можат да го детектираат нашето присуството  и ако се меки тие не би можеле да не повредат за време на интерацијата, па би можеле безбедно да разменуваме алати со нив, тие би можеле да подигаат предмети без да ги оштетат и безбедно да ја испитуваат нивната околина“ – велат истражувачите.

Поддржете ја нашата работа: