Што е следно по откривањето на течна вода на Марс?

Оттука потекнуваат сериозни прашања во врска со тоа како ќе истражуваат понатаму и како ќе бараат знаци за живот на Црвената Планета.

Проблемот е во тоа како да се пронајде живот, без да се загади со бактерии од Земјата.

Роверот „Curiosity“ во текот на следните месеци најверојатно ќе се доближи поблиску до темните ленти создадени од водата која течела по кратерите или кањоните, но роверот не е стерилен и можно е да ги контаминира подрачјата со вода. Во текот на наредниве недели и месеци научниците ќе треба да одлучат до каде „Curiosity“ смее да оди.

Вселенските истражувачки сили се обврзани со правилата во договорот за вселената од 1967 година, кој забранува испраќање на каква било мисија блиску до извор на вода, поради ризик од негово загадување со животни форми од Земјата.

Со самото ова, рацете на НАСА се врзани, и мора да се држи подалеку од регионите каде што може да има вода. Но, од каде да знаеме дека планетата не е веќе контаминирана од досегашните ровери што сме ги испратиле? Како и да е, планот за колонизирање на Марс до 2030 година, неизбежно ќе ја контаминира средината и ќе ги прекрши правилата на договорот.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt