Што ќе се случи ако во овој момент исчезне сонцето?

Сонцето е околу 330.000 пати поголемо од масата на Земјата и секоја секунда произведува иста количина на енергија како една милијарда хидрогенски бомби.

Поради својата огромна маса, сонцето е доминантна гравитациона сила во Сончевиот систем и ги чува сите осум планети во елиптични орбити.

Истовремено, сончевата енергија ја загрева нашата планета доволно за површината на Земјата да ја има совршената температура за течна вода која е катализатор за живот.

Но, што би се случило ако го изгубиме Сонцето? Колку и да звучи нелогично ова прашање, за него размислувал и Алберт Ајнштајн, а научниците се сомневале но никогаш не докажале дека гравитацијата постапува моментално.

Ако е тоа вистина, тогаш првото нешто што ќе се случи откако ќе исчезне Сонцето е тоа што сите планети, вклучувајќи ја и Земјата, ќе летнат во вселената со што ќе се настане целосен хаос во нашиот Сончев систем.

Светлината, од друга страна не е моментална – таа патува 299.792.458 метри во секунда и и се потребни околу 8 минути за да стигне до Земјата. Така, ние ќе ја видиме сончевата светлина околу 8 минути на нашето небо откако ќе исчезне сонцето.

Но, како што докажа Ајнштајн во неговата теорија на релативитет, силата од гравитацијата не е моментална. Всушност, таа патува со истата брзина како светлината. Значи ако исчезне сонцето, дефинитивно ќе останеме несвесни цели осум минути, пред целосно да стане мрак пред нашите очи.

Ние сепак нема да останеме во комплетна темнина. Ѕвездите и натаму ќе светат, а електричната енергија ќе продолжи да работи, така што градовите ќе светат сè додека има електрична енергија. Дури и планетите ќе останат видливи некое кратко време.

На пример, кога Јупитер е најблиску до Земјата, тој е оддалечен околу 33 светлосни минути, што значи дека и натаму ќе продолжиме да ја гледаме големата планета повеќе од еден час.

Погледнете го објаснувањето на Мајкл Стивенс во продолжение:

Поддржете ја нашата работа: