Што мислите за маргарин од црви?

Холандските истражувачи експериментираат со огромниот број на инсекти кои ни се располагање за да создадат производ сличен на маргаринот или растителните масла.

Така тие создале сличен жолтеникав намаз од црви, поточно ларви од бубачката „Tenebrio molitor“. Овие ларви се добар извор на масти бидејќи се релативно одржливи и лесни за одгледување.

Овој маргарин од црви има сличен состав на хранливи материи и ниско ниво на заситени масти, но го нема поголемиот дел на здрави омега-3 масни киселини кои ги содржат другите масла.

114_mealworms01

„Не ни беше дозволено да го пробаме поради тоа што е направен во лабораторија, но течниот производ е жолтеникав и мириса многу благо, како на зелена трева. Не е лошо“, вели Дејлан Зомпа-Соса, истражувач од Универзитетот и Истражувачкиот центар Вагенинген за „Washington Post“.

Овој маргарин би можел да се појави во европските супермаркети за неколку години. Би го пробале ли?

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,231од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.