Што овозможува новата апликација „Wink“ на „Viber“?

Популарната платформа за пораки „Viber“ во понеделникот претстави нова апликација наречена „Viber Wink“.

„Viber Wink“ е апликација за инстантно фотографирање, преку која можете да фотографирате или да снимате видеа и да ги испраќате на други корисници. Откако примачот ја гледа сликата или видеото, пораката автоматски се брише. Некои од ривалските апликации на оваа се „Snapchat“, „Telegram“, и други. Апликацијата е достапна и за Android и за iOS уреди.

„Сликата или видеото со „Viber Wink“ зачувајте ги во вашата галерија или наместете временска рамка и споделете ги преку „Viber“. Откако примачот ќе ја види вашата порака таа ќе исчезне”. Корисниците имаат можност да го постават тајмерот на пораката на 1 секунда, 3 секунди, 7 секунди, 12 секунди, или без временско ограничување. Апликација „Viber Wink“ е едноставна и лесна за употреба и истата вклучува и текст помеѓу фотографија или видео пораката (како во Snapchat), исто така е можно и сликање од предната камера на уредот.

Ако сакате да испратите „Viber Wink“ порака за некој кој не користи „Viber“, можете едноставно да пратите линк за надградба или да ја зачувате пораката во самиот уред. Пораката ќе исчезне откако ќе биде видена од страна на примачот. Исто така е можно и испраќање на „Viber Wink“ порака преку самиот „Viber“.

За корисниците на „Apple“, апликацијата „Viber Wink“ е компатибилна со уреди кои работат на iOS 8.0 или понов оперативен систем и е 3,7 MB. За Андроид, работи на оперативен систем верзија 4.0 или понови верзии, и е 5,3 MB.

Поддржете ја нашата работа: