Што всушност гледаат кучињата во телевизорот?

Pets Watching TV

Сопствениците на кучиња често забележуваат дека нивните миленици често гледаат во телевизор, во екран на компјутер и таблет.

Но што се случува во главата на најдобриот човеков пријател? Следејќи го нивниот поглед, користејќи методи слични на оние кои се користат кај луѓето, научниците од Универзитетот во централен Ланкашир, откриле дека кучињата навистина перцепираат одредени слики и видео снимки.

Начинот на кој кучињата гледаат телевизија е доста различен од човечкиот. Наместо да седат мирно, кучињата често ќе му пријдат на екранот за да видат подобро, а притоа ќе одат напред – назад помеѓу својот сопственик и телевизорот. Тие се доста интерактивни гледачи.

Она што кучињата можат да го видат на екранот е различно од човекот. Кучињата имаат дикроматски вид – поседуваат само два вида на рецептори за боја. Тие гледаат само син и жолт спектар на бои.

Користењето на боите во медиумите е многу важно за кучињата, а тоа објаснува зошто телевизискиот канал DogTV ги приоритизира овие две бои во своите емисии.

Кучешките очи се чувствителни на движење исто како и човечките. Ветеринарите сметаат дека со зголемувањето на брзината на освежување на екраните (refresh rate), настаната со преодот од стандардна во HD дефиниција, им овозможила на кучињата да подобро ја перцепираат телевизиската содржина.

Дали им се допаѓа тоа што го гледаат?

Користени се повеќекратни екрани со што истражувачите набљудувале дали кучињата бираат што ќе гледаат. Претходните истражувања покажале дека, кога ќе им се постават три екрани, кучињата неможат да се одлучат, па едноставно само гледаат во еден екран без оглед што на него се прикажува. Тоа сеуште мора да се провери со два екрани, а возможно е и со повеќе од три.

Иако науката нам ни докажала дека кучињата навистина гледаат телевизија и преферираат одредени видови, сеуште треба да се истражува сложеното прашање, дали кучињата уживаат додека гледаат телевизија. Ние често гледаме вознемирувачки снимки кои ни создаваат разни емоции, и притоа не се чувствуваме добро. Едноставно не знаеме дали и кучињата го доживуваат истото.

Исто така и што преферираат да гледаат се разликува од куче до куче, зависно од неговиот идентитет или искуство. Се претпоставува дека на кучешкиот вкус делува тоа што неговиот сопственик гледа, бидејќи кучињата го следат човечкиот поглед исто како и другите сигнали при нивна комуникација, како што се гесикулациите и вртењето со главата.

Кучињата за разлика од човекот, најчесто имаат доста кратка интеракција со медиумите. Пократка од три секунди. Преферираат кратко да погледнат во телевизорот, а не да се сосредоточат како луѓето.

 

Истражувањата покажале дека дури и со програми, специјално дизајнирани за кучиња, тие поголемиот дел од времето ќе го потрошат не гледајќи во било што. Идеалната кучешка програма, со оглед на досегашните резултати треба да се состои од кратки исечоци, а не долги сценарија кои раскажуваат долга приказна.

Додека кучињата имаат свој телевизиски канал, технологијата го надградува  потенцијалот за да им пружи забава на домашните кучиња, што значително ќе го подобри квалитетот на нивниот живот, бидејќи мораат да остануваат сами дома со часови.

 

 

 

 

Поддржете ја нашата работа: