Изненадувачки број на луѓе имаат искуство со сетилна вкрстена перцепција во која трепкачката светлина и визуелните движења можат да се “слушнат“, велат истражувачите.
Според научниците, еден од пет луѓе се погодени од синестезија – невролошка состојба во која ефектот од еден осет преминува во друг, во случајов синапсија – звучна визуелизација, каде што одреден звук асоцира на слика или боја.
“Многу од нас поседуваат сетила кои ние не можеме ни да ги препознаеме”, вели Елиот Фримен, когнитивен невролог и автор на студијата.
Најновото истражување, второ објавено за овој феномен, покажува дека многу повеќе луѓе отколку што се мисли, доживуваат помалку нападна верзија на состојбата во која одредена слика дава асоцијација на звук, како движење, шумови, џагорење и слично. Додека движењата се многу често придружени со звуците во секојдневниот живот, ефектот веројатно ќе биде едвај видлив.
При тестирање во лабораториски услови на ефектот за “слушање на движењата”, се појавува подобрување на способноста на лицето за толкување на визуелни движења, но исто така се меша со способноста да се слушнат вистински звуци кога визуелните и аудио сигналите се разминувале.
“Овие внатрешни звуци се чини дека се перцепциски доволно реални за да се мешаат со тоа кога ќе се слушнат надворешно-генерирани звуци”, вели Фримен. “Откритието дека овој феномен на “слушање на движењата” е многу поприсутен во споредба со другите синестези, е тоа што може да настане поради силата на природната врска помеѓу звукот и визијата”, дојава тој.
Во студијата, објавена во списанието „Consciousness and Cognition“, на 40 учесници им биле презентирани парови од аудио и визуелни шаблони, налик на кодови од Морзеова азбука, за кои требало да одлучат дали секој пар има исти или различни секвенции. Учесниците потоа биле испрашувани дали биле свесни за слабиот звук на трепкањето.
22% од учесниците се изјасниле дека слушаат звуци кои се придружени со визуелното трепкање, и тие исто така имале тенденција да ја направат оваа задача подобро од останатите.
“Моите податоци покажуваат дека постојат два вида на луѓе. Оние кои намерно генерираат звуци и оние кои слушаат внатрешни звуци без да се обидуваат”, вели Фримен.
Во втората зададена задача, учесниците требало да детектираат слаби звуци, слични на аудиолошки тестови, претставени со или без ирелевантни визуелни трепкања.
Испитаниците кои имале подобри резултати во задачата со Морзеовите кодови, исто така ги детектирале трепкачките светла повеќе како збунивачки сигнали, што укажува дека визуелните стимулации всушност делувале како позадински шум.
Во друга студија, тимот го тестирал овој феномен врз школувани музичари и увиделе дека во ваква група, тој е многу поприсутен. Се’ уште не е јасно дали тоа се должи на природната наклонетост да се поврзуваат звуци и визуелни знаци, пројавена со интензивните тренинзи на овие индивидуи, што можеби придонело за зајакнување на невронските врски одговорни за појава на ваков ефект.