Дали човечкиот јазик е чувствителен на мирис?

Центрите за мирис и вкус се поврзани длабоко во мозокот. Мирисите во мозокот создаваат комплексни информации кои се поврзани со вкусовите. Новите истражувања покажале дека овие две сетила се спојуваат во клетките на јазикот.

Во списанието Journal Chemical Senses на 24 април, оваа година се објавени резултати од најновото истражување, спроведено во Monell Chemical Center, непрофитна институција во Филаделфија, каде се проучуваат рецепторите за вкус.

Излегува дека овие клетки содржат неколку клучни молекули кои исто така се наоѓаат во структурата на рецепторите за мирис, кои природно се наоѓаат во ноздрите кај човекот.

Кога научниците ги изложиле рецепторите за вкус на одредени молекули, тие покажале иста реакција како и рецепторите за мирис.

Иако претходните истражувања потврдиле присуство на олфакторни сензори во клетките на црева, дланки и сперма, ова е прв пат нивното присуство да се потврди во рецептори за вкус.

Вкусот е прилично едноставно сетило кое намирниците ги сместува во пет категории: благо, солено, кисело, горко и луто.

Долго се верувало дека овие вкусови во мозокот интегрираат со чувството за мирис, како и другите сетила. Меѓутоа, последното истражување укажува дека оваа интеракција можеби се случува пред информациите да стигнат до мозокот.

 

 

enauka.mk
9,242наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.