Близок роднина на Methicillin-resistant Staphylococcus aureus (MRSA), Staphylococcus epidermidis, е главната причина за опасни инфекции после операции, но често се занемарува при клинички испитувања бидејќи го има насекаде.
Истражувачите од Милнер Центарот за еволуција на универзитетот во Бат предупредуваат дека заканата од овој организам треба да се земе многу посериозно и треба да се пристапи со крајна претпазливост во случаи на инфекции кои настануваат после операции.
Научниците идентифицирале 61 ген кој овозможува оваа сосема безопасна бактерија на кожата да предизвика болест од која може да се умре. Тие се надеваат дека ќе разберат зошто некои од видовите на оваа бактерија под одредени услови предизвикуваат заболување, што во иднина би можело да се препознае кои од пациентите се најзагрозени од избивање инфекција после операција.
Истражувачите земале примероци од пациенти кои биле инфицирани после операција на колено или колк, кога нивните зглобови биле заменети со вештачки и ги споредиле со примероци на кожата од здрави волонтери.
Тие потоа го споредиле целосниот геном на бактериите од првиот и вториот примерок и идентификувале 61 ген од бактериски соеви кои ја предизвикале инфекцијата, а кои најчесто не постоеле во соеви кои биле сосема безопасни.
Изненадувачки се резултатите кои велат дека само мал број на здрави луѓе ја носеле бактеријата од смртоносен облик, а за тоа не биле свесни. Гените кои ја предизвикуваат опасноста и помагаат на бактеријата да расте во крвотокот, да го избегнат имунолошкиот систем на домаќинот, површината на клеките ја прават леплива, така што создаваат слој кои ги штити од влијанието на антибиотици.
Професор Сем Шепард, кој го водел истражувањето вели: “Дека Staphlococcus epidermidis е патоген е очигледно на прв поглед. Клинички секогаш се игнорирал бидејќи досега се сметало дека е контаминант во лабораторија или едноставно се прифаќало дека тоа е познат ризик после операција. Постоперативните инфекции можат да бидат сериозни и можат да доведат до смрт на пациентот”.
“Ако не направиме ништо за да ја контролираме, ризикуваме овие гени кои ја предизвикуваат болеста уште повеќе да се шират, така што пост-оперативните инфекции ќе ги направи антибиотиците уште почести”.