Солта не прави гладни, а не жедни

Веројатно повеќето ќе се сложат дека солената храна не прави  жедни и не тера да пиеме повеќе вода. Но според една нова студија што е објавена во списанието „The Journal of Clinical Investigation“, солта не е не прави пожедни – всушност не прави погладни.

Познато е дека зголемената конзумација на сол ја стимулира продукцијата на урина, па едноставно се претпоставува дека вишокот на течност доаѓа поради зголемениот внес на вода.

Меѓутоа истражувачите од Германскиот аеровселенски центар, Центарот за молекуларна медицина Макс Делбрук, Универзитетот Вандербилт, заедно со нивните колеги од други институции дошле до изненадувачко откритие за време на истражувањето спроведено за проектот „Марс500“.

Испитаниците (сите од машки пол) биле изолирани во услови како во вселенски брод и биле спроведени две истражувања- едното во траење од 105 дена, а другото 205 дена. И во двата случаи испитаниците добивале исто количество сол во исхраната (почнувајќи од 12 грама дневно, потоа 9 грама и на крај 6 грама сол дневно), со таа разлика што во фазата од 205 дена била додадена една етапа каде испитаниците започнувале со 6 грама сол дневно, а завршиле со 12 грама дневно. Во меѓувреме било мерено колку вода пијат испитаниците и дневното количество на урина што го излчувале.

Иако се очекувало дека испитаниците ќе бидат пожедни кога јадат посолена храна, податоците покажале дека тие всушност тогаш пиеле помалку вода. Истовремено, тие излачувале повеќе урина во која имало повеќе сол. Но, нивната урината била исто така и поконцентрирана, што укажувало дека телото повеќе ја задржува водата од обично.

Покрај тоа испитаниците повеќе чувствувале глад, отколку жед.

Истражувачите утврдиле дека уреата, која телото ја произведува за да се ослободи од азатот, всушност има и друга функција и му помага на телото да се ослободи од солта, а да ја задржи водата.

За продукција на уреата се трши доста енергија, па потребата за повеќе храна кај испитаниците можеби е заради тоа што на телото му треба „гориво“ за нејзино создавање.

Очигледно дека ова е уште една област во исхраната која треба уште да се истражува, велат научниците

Поддржете ја нашата работа: