Научниците од Универзитетот Тафт создадоа необичен сензор со чија помош луѓето ќе можат да го бележат внесот на храна и пијалоци во текот на денот. Сензорот ќе се поставува директно на забот и ќе биде споен со мобилниот уред на корисникот. Ќе го бележи внесот на сол, шеќер и алкохол.
Експертите веруваат дека овој сензор ќе им помогне на луѓето за подобра контрола на својата исхрана и внесот на хранливи, односно штетни материи. Тој може да се користи за чување на здравјето на забите и со помош на плунката да се провери целокупната состојба на организмот.
Бидејќи има мали димензии 2×2 мм, овој сензор нема да предизвикува потешкотии како што беше случајот со сличните досегашни уреди.
Сензорот се состои од 3 слоја, а средишниот дел ги апсорбира хранливите материи и хемиски соединенија од храната, поради кои се менуваат неговите електрични својства. Во надворешните слоеви се наоѓаат два златни прстени во облик на квадрат и служат како своевидни антени. Тие апсорбираат и пренесуваат одреден спектар и интензитет на радио бранови.
Тие бранови по безжичен пат стигнуваат до мобилниот уред на корисникот. Корисникот може истиот момент да ја види висината на внесот на одредена храна, бидејќи доаѓа до промена во сензорот поради реакцијата на хемиските супстанци, материи од алкохолот или солта.
Експертите исто така нагласуваат дека на овој уред не му се потребни никакви жици и не треба редовно да се менува.
Засега сензорот може да се носи само два дена, а научниците се надеваат дека во иднина неговото траење може да се продолжи. Сензорот може да се постави и на други делови од телото и повторно да се програмира да открие други видови на хемиски соединенија.
Д-р. Оменето, лидерот на стручниот тим вели: “Ние ја унапредивме обичната RFID технологија со цел сензорот да може да ги прочита и пренесе информациите од својата околина, било тоа да е прицврстен за заб, кожа или некоја друга површина.”