Сонот за летање на обичниот човек

Во меѓувреме, еве една инспиративна приказна

Средовечен човек во провинцијата Гансу од северозападниот дел на Кина има сон да стане кинеска верзија на браќата Рајт.

Чен Ксуланг, 50-годишен поранешен техничар изградил сопствен авион од алуминиумска легура.

Со само средно образование и без посебни познавања за воздухопловството, Чен изјавил дека од секогаш сакал да изгради авион. Чен користи разни половни делови и досега има потрошено околу 4800 долари.

Авионот, кој е 13,8 метри долг, 16,7 метри широк и 5,2 метри висок, користи мотор на мотоцикл кој го снабдува пропелерот со енергија. Досега има 2 тест лета , но не успеа да се задржи во воздухот  долго време. Чен изјави дека ќе направи уште еден тест лет оваа година.

 

Поддржете ја нашата работа: