Кај креативните луѓе деловите на мозокот се подобро поврзани

Креативните луѓе имаат повеќе нервни врски помеѓу левата и десната страна на мозокот, откриваат истражувачите.

Разликите се главно во фронталниот лобус на мозокот – многу активен регион одговорен за когнитивните процеси, како што се донесувањето на одлуки, планирањето на иднината и така натаму. Научниците од Универзитетот Дјук и Универзитетот во Падова во Италија, со магнетна резонанца скенирале група на здрави доброволци на универзитетски возраст. Обработени се снимање на дифузијата на влакната на невроните, со што се добиваат корисни податоци.

Ваквата техника им овозможила да ги анализираат врските помеѓу 68 различни подрачја на мозокот и да ја следат белата маса преку молекулите на водата. Белата маса лежи под сивата маса и поврзува милијарди неврони во мозокот, праќајќи електрични сигнали помеѓу нив.

Волонтерите исто така биле замолени да исполнат серија на задачи за подобра проценка на нивната креативност.

При предлед на резултатите од скенирањето и резултатите од креативноста, научниците откриле дека 15% од креативните лица имаат значително повеќе нервни врски во мозокот отколку оние што биле на долната граница. Научниците мислат дека нивното откритие, еден ден ќе може да им овозможи на експертите добра проценка за природни креативни таленти, предвидување на креативноста, па дури и за следење на болестите на мозокот кај постарите лица.


Потребно е да се нагласи дека тестираните примероци се мали, така што поврзаноста помеѓу повеќе нервни врски и високите нивоа на креативност мора да бидат потврдени во многу поголеми и различни групи. Но, резултатите служат како уште еден доказ за важноста на растечките подрачја на неуронауката, науката која ги проучува врските помеѓу деловите на мозокот, како и некои поединечни делови.

Покрај таков сложен и голем орган, како што е мозокот, се работи на начин на набљудување на претходно скриени примероци во огромната маса на достапни информации.

Научниците во иднина сакаат да го анализираат односот помеѓу поврзувањето на мозокот и нивото на интелигенција, а нивните проучувања би требало да користат за пронаоѓање на разни знаци на Алцхајмеровата болест и други невролошки болести.

 

Поддржете ја нашата работа: