Дали самобендисаноста ја потикнува креативноста?

СПОДЕЛИ

Генерално, самобендисаноста се смета за негативна особина и бројни истражувања покажале дека оние кои се чувствуваат самобендисано помалку им помогнат на останатите, помалку се извинуваат, бараат посебни привилегии, често кршат правила, се однесуваат себично кон нивните романтични партнери и носат неетички одлуки.

Но, новото истражување е насочено кон позитивните аспекти на самобендисаноста. Наодите велат дека потикнувањето на самобендисаноста ја зголемува креативноста. На субјектите им била дадена кратка вежба каде што биле охрабрени да пишуваат фрази за прашањето: „Зошто заслужуваат бројни позитивни нешта“?

Резултатите сугерираат дека луѓето кои се чувствуваат повеќе вредни од другите имаат потреба да бидат различни и единствени. Колку е поголема потребата за единственоста, толку повеќе се склони кон кршење на правилата, дивергентно мислење и креативни реакции.

Важно е да се спомене дека научниците ја испитувале состојбата на мала, привремено потикната самобендисаност, а не самобендисаноста како трајна карактерна особина.

Ова се два вида на самобендисаност кои квалитативно се разликуваат. На пример, не се пронајдени позитивни врски помеѓу трајната самобендисаност и креативноста. Но, привремената, би можела да биде корисна за јавно говорење, споделување на идеи и останати активности кои подразбираат „одвојување од толпата“.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------