Долго време, луѓето мислеле дека алфа брановите се синоним за одмор на мозокот. Но, во текот на изминатите 20 години имаме развиено многу подобар увид. Нашиот мозок не губи енергија, креирајќи ги овие шеми залудно. Кога мозокот е одвоен од околината, се’ уште прави важни нешта.
Истражувањето, објавено во списанието „Cortex“, покажува дека употребата на 10-херци енергија преку електроди аплицирани на скалпот ги зголемува природните осцилации на алфа брановите во мозокот – истакнати ритми кои може да се видат на електроенцефалограмот или ЕЕГ.
Ритамот на мозокот
Во фокусот на истражувањето се нервните осцилации – природно настанати ритмички електрични шеми кои невроните ги генерираат и се повторуваат низ мозокот. Алфа осцилациите се појавуваат во фреквентен опсег од 8 и 12 херци (или циклуси во секунда). Тие биле откриени во 1929 година од Ханс Бергер, кој го измислил ЕЕГ-то. Алфа осцилациите се најзастапени кога ќе ги затвориме очите и ќе се „исклучиме“ од сензорните стимули – се’ она што гледаме, слушаме, мирисаме, чувствуваме.
Долго време, луѓето мислеле дека алфа брановите се синоним за одмор на мозокот. Но, во текот на изминатите 20 години, имаме развиено многу подобар увид. Нашиот мозок не губи енергија, креирајќи ги овие шеми залудно. Кога мозокот е одвоен од околината, се’ уште прави важни нешта.
Алфа осцилациите се истакнати додека мечтаете, медитирате или разгледувате идеи. Но, кога се случува нешто кое бара одредена акција, вашиот ум веднаш го пренасочува вниманието на она што се случува околу вас. Тогаш стапуваат на сила гама осцилациите.
Знаејќи го ова, и претходно истражувачите ги поврзаа алфа осцилациите со креативноста. Д-р Фрохилич сега ја потврди хипотезата. Неговата идеја е едноставна. Ако тој може да ги подобри ритмите на алфа осцилациите за да се подобри креативноста, тогаш постои веројатност на истиот начин да им помогне на луѓето со депресија и други состојби на централниот нервен систем кои се чини дека се вклопуваат во истите мозочни шеми.
Во период од три години, неговата лабораторија користи компјутерски симулации и други експерименти за подобрување на алфа осцилациите.
Во последнава контролирана студија учествувале 20 возрасни лица. Тие биле стимулирани со енергија од 10 херци во две сесии. Едната во времетраење од 5 минути, другата 30 минути. По завршувањето на секоја сесија им биле давани валидни и релијабилни тестови за креативност.
Потоа тимот ги споредувал резултатите добиени по секоја од сесиите. Откриено е дека во текот на 30 минутните стимулативни сесии, учесниците постигнале во просек 7,4% подобар резултат во однос на контролната сесија.
Тоа е прилично голема разлика кога станува збор за креативност.
Специфичност на моделот
Се наметнува прашањето што ако електричната стимулација само предизвика генерален електричен ефект врз мозокот, независно од алфа осцилацијата? За да дознаат, научниците ги повториле истите експерименти со 40 херци на електрична струја, која ги зафаќа гама фреквенциите обично поврзани со сензорна обработка. Во овој случај не биле забележани никакви ефекти врз креативноста.
„Ова е прв доказ дека конкретното подобрување на алфа осцилациите активира специфично и сложено однесување, во овој случај креативност, но нашата цел е да се користи овој пристап за да им се помогне на луѓето со невролошки и психијатриски болести. На пример, постојат силни докази дека луѓето со депресија имаат оштетени алфа осцилации“- вели авторот.
Доколку можеме да ги подобриме овие модели на мозочната активност, тогаш потенцијално би можело да им се помогне на многу луѓе.
Фрохилич се фокусира на лекување на луѓето со депресија и други ментални состојби, како што е шизофренијата.
На лицата со когнитивно оштетување им е потребна помош, а понекогаш и не постојат лекови кои помагаат или пак имаат сериозни несакани ефекти. Токму тоа е главната мотивација за ваквиот вид на истражувања.