Совети за превенција на мозочен удар

СПОДЕЛИ

Придржувањето кон медитеранска или DASH исхрана, редовната физичка активност и одржувањето на крвниот притисок под контрола, можат да го намалат ризикот од прв мозочен удар, според упатството објавено во списанието „Stroke“  на американското здружение за срцеви заболувања.

Препораки за намалување на ризикот од мозочен удар

  • Практикувајте медитеранска или DASH искрана, дополнета со ореви. Медитеранската и DASH исхраната се слични. Акцентот е  на овошје, зеленчук, цели зрна, мешунки, ореви, семки, живина и риба. Ограничуваат црвено месо и храна која содржи заситени масти, кои најчесто се наоѓаат во животинските производи, како што се месо, путер, сирење и млечни производи.
  • Не пушете цигари. Пушењето и земањето на орални  контрацептивни апчиња може значително да го зголеми ризикот. Ако сте жена која доживува јаки мигрени, пушењето го зголемува ризикот од мозочен удар уште повеќе отколку кај општата популација.
  • Избегнувајте изложеност на пасивно пушење, што исто така ги намалува ризиците за мозочен и срцев удар.
  • Следете го високиот крвен притисок од дома со рачен уред.  Во 90% од случаите, високиот крвен притисок е причина за мозочен удар.
  • Посетете го вашиот лекар eднаш годишно за евалуација на крвниот притисок.
  • Намалете ја количината на натриум во вашата исхрана, натриумот се наоѓа претежно во солта.
  • Ако вашите  лекови за намалување на крвниот притисок не функционираат или имаат  сериозни несакани ефекти, разговарајте со вашиот лекар за пронаоѓање на комбинација на  соодветни лекови.

Зборувањето за превенција на мозочен удар е важно. Во многу случаи, мозочниот  удар не е фатален, но води до долгогодишно физичко, емоционално и ментално оштетување кое може да се избегне.

Знаците на предупредување за мозочен удар и за минлив исхемичен напад можат да бидат еден или неколку од следниве:

  • Слабост или парализа на лицето, раката или ногата
  • Лоша координација или рамнотежа
  • Тешкотии со зборување или разбирање
  • Тешкотии со голтање
  • Проблеми со видот (заматен вид, дупло гледање или губиток на видот)
  • Здрвеност или губење на чувството по една стана на телото

Мозочниот удар претставува итен медицински случај. Какви и да се знаците на мозочниот удар, не треба да се занемарат и треба да се побара итна медицинска помош. Бидејќи, ако се почне со лечењето веднаш после појавата на симптомите, тоа може да ги подобри шансите за преживување и да ја намали тежината на ударот.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------