Што е „синдром на бел мантил“ и кои се ризиците?

Разбирливо е да се има мала доза на анксиозност при посета на доктор, меѓутоа, кај некои од нас тоа може да предизвика еден особено чуден медицински феномен познат како „синдром на бел мантил“.

Што всушност претставува тоа, и дали е опасно доколку го имаме?

Синдром на бел мантил е кога некоја личност има висок притисок, но само кога е во ординација на доктор, или во некој друга медицинска установа. Доколку го измерите притисокот на таа личност на кое било друго место, тој ќе биде нормален. Важно е да се прави разлика дека не е исто како да се има висок притисок како здравствен проблем, односно предхипертензија.  Проценките за тоа колку всушност е застапен овој синдром варираат, но насекаде од 15 до 30 проценти од луѓето кај кои е присутен висок притисок додека се во ординација може да го имаат.

Овој синдром на бел мантил ја отежнува ситуацијата и за пациентите и за докторите. Не само што луѓето може да примаат непотребен третман за хипертензија како резултат на тоа, туку може и докторите да помислат дека некој навистина успешен третман односно лекување всушност и не помага. Истражувачите, дури се загрижиле и дека синдромот на бел мантил може всушност да укажува на некои внатрешни здраствени проблеми, како што е тивкото уништување на органите.

Меѓутоа, доказите за тоа се прилично измешани. Па најдоброто што можеме да го кажеме сега е дека луѓето кои страдаат од синдромот на бел мантил се на некоја средина – нивното кардиоваскуларно здравје е подобро од луѓето кои имаат хипертензија во полн ек, но не е толку добро како кај луѓето со нормален крвен притисок. За жал, се’ уште нема цврсти докази за тоа дали превентивното третирање на овој синдром е секогаш подобро за здравјето на срцето на долгорочен план.

blood-pressure-check-120207

Интересно, дури постои и друга страна на синдромот наречена маскирана хипертензија. Луѓето со овој синдром пак, се многу смирени во докторската ординација, за всушност потоа да имаат висок притисок целиот ден. За разлика од синдромот на бел мантил, оваа маскирана хипертензија се смета за доста проблематична за нашиот кардиоваскуларен систем.

Во секој случај, доколку сте исплашени дека вашиот крвен притисок укажува на некоја болест, најдобро е да разговарате со вашиот доктор. Во најмала рака, тие можат да најдат начин да го тестираат вашиот притисок и дома и да ви ги олеснат грижите.

Поддржете ја нашата работа: