Создаден метал полесен од водата

Новиот материјал нуди можност и за заштеда на гориво во автомобилите, поради неговата отпорност на високи температури.

И покрај тоа што веќе подолго време постојат синтетички пени, ова е прва синтетичка пена со лесна метална матрица. Комозитот е направен од легура од магнезиум, засилена со шупливи сферични честици од силициум карбид. Со тоа е овозможена густина од  само 0,92 грама по кубен сантиметар, во споредба со 1,0 g/cc, колку што изнесува густината на водата. Покрај тоа што има помала густина од водата, материјалот е доволно цврст за да може да ги издржи тешките услови што владеат на отворено море. Една сфера од силициум карбид може да изджи 100 пати поголем притисок од максималниот притисок што се јавува во пожарникарските црева. Шупливите честички исто така служат и како заштита од удари, бидејќи секоја шуплина делува како апсорбер на енергијата од ударот.

Во последниве години направени се значителни напори за создавање на композит со матрица од лесен полимер што ќе ги замени потешките метални компоненти што се користат во автомобилите и бродовите.

„Способноста на овој материјал да издржи високи температури може  да создаде услови за автомобилската индустрија да производува делови од моторот и системот за издувни гасови од овој материјал, сосема независно од другите  делови“ – вели професорот Нихил Гупта од Њујоршкиот политехнички Универзитет.

Со менување на бројот на сферите, може да се менуваат густината и својствата на композитот, во зависност од тоа за која намена ќе се користи. Композитот може исто така да се комбинира и со други огноотпорни магнезиумски легури.

Поддржете ја нашата работа: