Можеби сметате дека секојдневно го менувате пешкирот во бањата, но сепак вашиот пешкир е валкан. Навистина валкан. Во истиот момент кога ќе го искористите, тој станува плодна почва за бактерии, габи, мртви клетки од кожата, плунков, анален и уринарен секрет, и многу други бактерии кои се лепат за него.
Додека повеќето од овие микроби најверојатно нема да ви наштетат, со оглед дека повеќето од нив веројатно доаѓаат од вашето сопствено тело, сепак тие се таму, и се размножуваат брзо.
Значи, колку пати може да го искористите вашиот пешкир пред ситуацијата да излезе надвор од контрола и мора истиот да го исперете? “Доколку можете комплетно да го исушите откако ќе ги избришете со него рацете, не повеќе од три пати максимум”, вели Филип Тиерно, микробиолог и патолог на факултетот по медицина во Њујорк за „Tech Insider“.
„Дури и ако претпоставиме дека истиот пешкир некаде виси комплетно сув, шансите за размножување на микроби на него се релативно големи. Доколку пешкирот манифестира непријатен мирис, таму дефинитивно постојат микроби кои растат и тој мора да се испере”, вели Тиерно.
Крпите служат како идеална основа за живот на бактериите бидејќи самата нивна структура ги задоволува потребите за микробиолошки живот: вода, високи температури, кислород, храна, и неутрална pH вредност. Човечкото тело ги снабдува овие идеални услови, поради што целото наше тело е прекриено со нив однадвор и одвнатре.
Кога ќе се натопи пешкирот со влага од вашето тело, всушност микробите и другите секрети кои живеат на вашето тело се депонираат на вашиот пешкир. Тие остатоци и другите депозити од воздухот, како влагата која снабдува вода со неутрална pH вредност, служат како храна за микроорганизмите.
„Тешко е да се каже дека микробите кои растат во вашиот пешкир се штетни, бидејќи повеќето кои живеат во нашите домаќинства не се опасни”, вели Тиерно.
„Но, доколку го делите вашиот пешкир со другите, потенцијално доаѓате во контакт со микроби кои не се ваши и вашето тело не е навикнато на нив, а со тоа може да добиете акни или инфекција”, додава Тиерно.
„Идејата е да се биде претпазлив и свесен”, вели Тиерно. Воглавно, сега сте свесни дека вашиот пешкир е одвратен. И дека не го перете доволно редовно.