Археолозите го пронајдоа одамна изгубеното “осмо светско чудо”

Истражувачите тврдат дека го пронашле одамна изгубеното осмо светско чудо во Нов Зеланд.

Розевкастите природни тераси на езерото Ротомахан на северниот остров биле голема туристичка атракција во 19 век. Нив доаѓале да ги гледаат луѓе од цел свет. Долго се верувало дека нивните седиментни карпи се уништени во ерупција на вулкан во 1886та година, а тогашните власти никогаш не ја забележале нивната точна позиција, ниту димензии.

Вакви наслаги се случуваат кога минерали од гејзири формираат кора, па се создаваат природни тераси или конуси околу водена површина.

Во 2010та година е откриена долго изгубената колекција на геолошки дневници која ги одвела истражувачите на право место.

“Искористивме повеќе од 2500 часа за работа во текот на последните 12 месеци”, вели еден од истражувачите Рекс Бан. “Убедени сме дека ги лоциравме терасите. Ние сме поблиску до нив од било кој во последните 130 години “, објаснува.

Дневникот му припаѓал на Д-р. Фердинанд Вон Хошстетер, почитуван геолог, најмен од владата за да ги истражи островите, а тој ја нацртал и позицијата на терасите. 27 години подоцна, вулканска ерупција драстично го изменија пејсажот на островот, езерото се исушило за момент, а потоа се вратило 20 пати поголемо. Се верувало дека терасите се уништени, но сега геолозите мислат дека ерупцијата само ги покрила со слоеви на пепел, и тие сеуште стојат на 10 метри под земја на брегот на езерото. Иако се потребни понатамошни истражувања за да се потврди нивниот пронајдок, истражувачите се сигурни:

“Терасите можат одново да се појават, и повторно да им се восхитуваат луѓето”, вели Бан, кој сега е во обид да го организира ископувањето.


Поддржете ја нашата работа: