Ако ја направиме листата на најимпресивните пештери во светот, Фингаловата пештера сугурно ќе се најде меѓу првите десет. Таа се наоѓа на ненаселениот остров Стаффа, во склоп на архипелагот Внатрешни Хебриди во Шкотска.

За необичниот изглед на пештерата најмногу придонесуваат шестоаголните столбови, изградени од базалт, настанати за време на Палеоценот, кога при ладење, лавата распукува и создава четвороаголни, а потоа и шестоаголни облици. Морето дополнително ги еродирало во процесот на абразија. Слични геолошки облици е можно да се пронајдат и на подрачјето на Северна Ирска.

Треба да се каже дека пештерата стана позната по својата исклучителна акустика, за што допридонесува комбинацијата на полукружниот свод на тунелот од пештерата и татнежот на блиските бранови, која дава впечаток на еден вид природна катедрала. Покрај тоа, нејзиното име на шкотско – галски јазик гласи „An Uaimh Bhinn“, што во превод значи „распеана пештера”.

Пештерата е именувана по херојот од епските песни на шкотскиот поет Џејмс Макферсон (анг. James MacPherson), кој творел во 18 век, а чија слава е обележана со песните за кои тврдел дека се базираат на древниот шкотски поет Осијан (анг. Ossian), за кој се мисли дека ја пронашол самата пештера. Истата пештера со остатокот од светот ја запознал англискиот природонаучник Џозеф Бенкс во 1772 година.
Пештерата која е украсена со голем влез во кој продира морето, не секогаш е лесно да се посети. Сепак, таа обично е достапна за разгледување од април до септември, кога временските услови дозволуваат одење надолу по скалите. По влегувањето во пештерата, посетителите можат да уживаат во погледот на соседниот остров Јона.
