Сте слушнале ли за синдромот „Рапанзел“?

Именуван по приказната за Рапанзел, овој синдром е исклучително ретка медицинска состојба каде што косата која едно лице ја има изедено останува испреплетена и заробена во стомакот. Ова предизвикува да се формира „trichobezoar“, односно топка од коса, која има долга опашка која се протега во тенкото црево.

Неодамна, на една 38 годишна жена хируршки и било отстрането од стомакот топче од коса од 15 на 10 см, како и топче од 4 на 3см коса од почетокот на нејзиното тенко црево. Овој случај, објавен во весникот „BMJ Case Reports“ е 89-тиот објавен пример за синдромот „Рапанзел“ во медицинската литература.

Како и 85 до 95 проценти од пациентите со овој синдром, и кај оваа жена симптомите биле болки во стомакот, гадење и повраќање. Другите симптоми вклучуваат надуен стомак, намален апетит, губење на тежината и тврда или ретка столица. Во некои случаи се случува да се пробие и дебелото црево, што може да доведе до сепса односно инфекција на крвта. 4 проценти од случаите резултирале со смрт.

За среќа, оваа жена успешно закрепнала. Но, не се знае зошто таа си ја јадела сопстената, или евентуално некоја туѓа коса, и колку долго. Може да поминат 6 месеци дури да се формира топката, а постојат и извештаи за луѓе кои 12 месеци се справувале со опасните симптоми на овој синдром пред да побараат помош.

Речиси 70 проценти од пациентите со синдромот „Рапанзел“ се жени од 20 години или помлади. Најмладите пријавени пациенти биле мали деца, додека пак најстариот пациент бил еден маж од 55 години.

Зошто луѓето јадат коса?

rapunzel-syndrome-ever-heard-of-this-bizzare-syndrome-of-eating-hair_1452923468-b

Некои луѓе со пречки во интелектуалниот развој и одредени психијатриски нарушувања ја јадат сопствената коса – однесување кое е наречено „trichophagia“. Овие групи имаат зголемен ризик за развој на синдромот „Рапанзел“.

Постојат две главни психолошки нарушувања кои луѓето кои ја јадат својата коса најверојатно ги имаат: трихотиломанија и пика.

Едно истражување покажува дека 20 проценти од луѓето со трихотиломанија се впуштаат во ова однесување на дневна база, кое вклучува проголтување на сопствената коса. Друго истражување покажува дека од 24 лица со тихотиломанија, 25 проценти имале формирано топка од коса во стомакот како резултат на јадењето на коса.

Пика – е многу честа појава кај децата, бремените жени, како и кај луѓето со пречки во интелектуалниот развој како што е аутизамот.

Постојат многу теории за објаснување на овие нарушувања како што се гладување во текот на детството, занемарување, начин за справување со стресот, како и дел од некои културни практики. И двете нарушувања биле пронајдени кај луѓе кои имале недостаток на железо. Во некои случаи, влечењето и јадењето на коса престанало откако лицето било третирано за недостаток на железо или целијачна болест.

Како да се лекува?

curly-791372_1920

Во повеќето случаи, потребна е операција за топчето на коса да се отстрани во една целина. Исто така, постои можност да се разложи топката од коса со хемикалии, да се растури на помали парчиња со ласер или да се отстрани преку цевка од устата до стомакот, наречено ендоскопија. Сепак, овие методи се обично помалку успешни отколку операцијата.

Се препорачува и психолошки третман за да се спречи идното компулсивно јадење на коса, бидејќи овој синдром може пак да се развие. Вклучувањето на родителите или сопружниците во психолошкиот третман е важно, за тие да научат да ги подржуваат своите сакани за да запрат со тоа однесување, а исто така бидејќи овој синдром „Рапанзел“ може да биде вознемирувачки и за нив.

Оваа статија првично е објавена во „The Conversation“.

Поддржете ја нашата работа: