Околу нашата галаксија – Млечниот пат, орбитираат најмалку 50 галаксии. Џуџестата галаксија Херкулес моментално се наоѓа на 460.000 светлосни години оддалеченост од Земјата, речиси три пати подалеку од најсјајната придружна галаксија на Млечниот пат, Големиот Магеланов облак.
Но, ѕвездите на Херкулес се раширени на голема површина во вселената, што значи дека гравитационото поле на Млечниот пат ги одвоило една од друга.
Астрономите од Универзитетот Колумбија во Њујорк, ја искористиле забележливата положба и брзината на ѕвездите во галаксијата, за да го одредат нивниот пат низ вселената.
Астрономите пресметале дека при својата најголема оддалеченост, галаксијата патувала 600.000 светлосни години од центарот на Млечниот пат, додека при најблиската оддалеченост само 16.000 светлосни години.
„Ова е екстремно. Тоа е поблиску дури и од нас – нашето Сонце е оддалечено 27.000 светлосни години од центарот на галаксијата“ – велат астрономите.
Но, според комјутерските симулации што ги направиле астрономите, последното поминување на галаксијата се покажало фатално. Како што се приближувал Херкулес кон Млечниот пат, пред половина милијарда години, материјалот од нашата галаксија ја нарушил џуџестата галаксија. Гравитационата сила од оваа дополнителна материја, ги привлекла ѕвездите од галаксијата и црната материја кон центарот.
Тогаш, како што џуџестата галаксија се одалечувала од центарот на Млечниот пат, ѕвездите и црната материја се одбиле, предизвикувајќи Херкулес да „експлодира“ во сегашната растегната состојба.
Денеска, ѕвездите од Херкулес се повеќе приврзани кон Млечниот пат, отколку една со друга, бидејќи се толку дисперзирани што не ги чувствуваат гравитационите сили од своите најблиски роднини.
Сепак, ѕвездите продолжуваат да се движат по слична патека, како кога падобранци ќе скокнат од ист авион. Следниот пат кога галаксијата ќе се осмели да се усмери кон нас „ќе може да ја видите како проток од ѕвезди, кои поминуваат со огромна брзина“ – велат астрономите.