Тајната на виното

Но сепак, карактеристичната арома и вкус на виното, како на пример на Шардоне, не можат да се добијат без еден вид на едноклеточни организми.

Според едно ново истражување, објавено во „Scientific Reports“, габите се клучни за енимагтскиот концепт на виното (односно се’ она што влијае на неговото производство). Поточно, еден вид на квасец наречен „Saccharomyces cerevisiae“ кој има мал, но значаен придонес за вкусот на виното.

Претходно, географските разлики кај вината се припишувале главно на генетиката на растението, локалната почва, климата и земјоделските методи. Идејата дека микробите имаат улога во вкусот на виното е прилично нова, и научниците за прв пат експериментално ја покажаа.

Околу половина од хемиските соединенија кои го определуваат вкусот на виното потекнуваат од овој квасец во текот на ферментацијата. Всушност, повеќето овошни ароми потекнуваат од квасецот.

Научниците истакнуваат дека повеќето (но не и сите) вина се добиени со постепена ферментација и дека микробите придонесуваат за нивната јасност и вредност. Потребни се дополнителни истражувања за да се утврди дали и други габи и бактерии придонесуваат за регионалните карактеристики на виното.

Поддржете ја нашата работа: