Ваквата визија доведе до појавата на „GHOST“ (Generic, Highly-Organic Shape-Changing Interfaces) – проект поддржан од ЕУ, дизајниран да допре до човечката способност за манипулирање со физички предмети преку интерфејсот на компјутерите и мобилните уреди.
„Ова ќе има различни примени во иднина. Не се деформира само формата на екранот туку и дигиталниот предмет со кој сакате да манипулирате. Преку ултразвучна левитација се проектира предметот надвор од екранот, а благодарение на екраните подложни на деформација, сето тоа може да го направиме со нашите прсти“, вели проф. Каспер Хорнбек од Универзитетот во Копенхаген.
Оваа технологија ќе овозможи сосема нова интеракција. На пример, хирурзите ќе можат физички да работат на виртуелен мозок пред да започнат со вистинска операција. Дизајнерите и уметниците ќе може да си ги моделираат предметите и да си ги зачуваат во компјутерот итн.
Универзитетот во Бристол веќе започна со работа и вработи 12 лица за да ја развијат технологијата која користи ултразвук за левитација. Екраните кои ја менуваат формата се очекуваат за 5 години од сега, а проекциите од екраните се малку подалеку, но научниците работат на случајот.