Технологијата во борба против гладот: – Произведена храна составена од струја

Финските научници создадоа низа на унилатерални протеини кои се доволно хранливи за да послужат за исхрана, со помош на состав на обновлива енергија. Целиот процес бара само четири состојки – електрична енергија, вода, јаглероден диоксид и микроорганизми.

Синетичката храна е создадена како дел од проектот “Храна од електрична енергија”, кој претставува соработка помеѓу Технолошкиот Универзитет Лапенрант и Техничкиот истражувачки центар ВТТ во Финска.

По изложување на суровините на електролиза во биореактор, процесот обликува прав кој се состои од повеќе од 50 отсто протеини и 25 отсто јагленохидрати – текстура која која може да се менува со промена на микроорганизми кои се користат во производството.

Следна фаза е оптимизирање на составот, вели Јуха Пека Питканен, водечки научник од ВТТ, бидејќи на биореакторот му треба околу две недели за да произведе еден грам протеини. “За сега сме фокусирани на развојот на технологијата: концептите на реакторот, технологија, подобрување на перформансите и контрола на процесот” – вели Питканен на прес-конференцијата.

Тој предвидува дека процесот ќе потрае околу десет години пред поефективниот систем да стане широко достапен – “Можеби 10 години е реална временска прогноза за постигнување на комерцијален капацитет, во смисла на неопходните закони и технологијата”.

Потенцијалното влијание на храната произведена од електрична енергија и други широко достапни суровини е огромно. Моментално постојат два основни начини за негово користење.

Прво, може да станува збор за начинот на кој би се нахраниле гладните лица, и да обезбеди извор на храна во областите кои не се погодни за земјоделие. Питканен вели дека во иднина, технологијата ќе може да биде пренесена во пустините и другите области каде голем дел од човештвото се соочува со глад.

Второ, синетичката храна би можела да биде начин за намалување на емисиите на глобално ниво, така што ќе ја намали побарувачката на производи и култури кои се потребни за исхрана на добитокот. Моментално месната индустрија опфаќа помеѓу 14 и 18 проценти од глобалните емисии на стакленички гасови и зафаќа големи површини на земја кои би можеле да се искористат на друг начин.

Храната од овој проект може да ја намали количината на неодржливо земјоделство што е потребно за да ги наполниме нашите стомаци затоа што ни дава помал, поевтин и обновлив метод за добивање на хранливи материи.

Поддржете ја нашата работа: