Телескопот Хабл со прекрасна снимка за 26-тиот роденден

За прославата на 26-годишнината од лансирањето на телескопот Хабл (годишнината е во недела), астрономите го употребија телескопот за да направат величествена снимка на меурестата маглина.

Овој огромен меур, познат и како „NGC 7635“ е облак од гас и прашина лоциран во соѕвездието Касиопеја. Прв пат е откриена од Вилијам Хершел во 1787 година. И досега е делумно фотографирана од Хабл, но ова е прва слика од телескопот што ја прикажува целата големина на меурот во една слика.

Во средината на меурот се наоѓа „SAO 20575“, ѕвазда со маса 10 до 20 пати поголема од Сонцето. Гасот од ѕвездата – неговиот ѕвезден ветер, прави притисок кој го надувува околниот меѓузвезден материјал во форма на меур. Сепак, не е јасно зашто меурот е идеално топчест, и покрај тоа што ѕвездата не се наоѓа во неговиот центар.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,233од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.