Заљубеници во легендарното фиатово, а потоа и заставино Фиќо, викендов се собраа во Сараево на Фиќо фест да го прослават 63 роденден на нивниот миленик на четири тркала.
Автомобилот првпат е претставен на авто саемот во Женева 1955. Почнал да се произведува истата година како верзија на Фиат 600.
На роденденската прослава беа изложени 63 модели на Фиќо со повеќе од 200 учесници од Швајцарија, Германија, Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Италија.
Последното Фиќо е произведено 1985 година. Застава 750 има мотор со работна зафатнина од 767 см³ и со тоа е најмалиот автомобил од оваа марка. Кон средината на 70-тите излегува и моделот Застава 850, ист како и претходниот, само со поголема кубикажа. Моторот бил позајмен од Фиат 850.
Според многу анализи моделот Фиат 600 е најуспешниот модел на оваа марка. Во првите пет години продадени се милион возила. Покрај Италија Фиќо се произведувало уште и во Југославија, Аргентина, Шпанија и Австрија.
Фиќото како автомобил има голем дел од популарната култура на цела територија на СФР Југославија. Овој автомобил се уште може да се сретне по патиштата на овие простори.
Во соработка со: Gostivarpress.mk