Теоретичарите на завера имаат поголема веројатност да бидат “губитници”

Веќе научивме дека теоретичарите на заговор сакаат да бидат единствени, во однос на своите рационални ривали. Сега, се чини дека е поверојатно тие исто така да се “губитници”.

Да разјасниме: не зборуваме за понижувачка форма на зборот “губитник”. Наместо тоа, студијата забележува дека луѓето чии политички кандидат ќе ги изгуби изборите, најверојатно ќе се заврти кон теории на заговор.

Овој заклучок се заснова на новата студија, објавена во списанието Political Research Quarterly која го следи однесувањето на луѓето, пред и после избори. Под водство на Џек Еделсон од Универзитетот Висконсин-Медисон, истражувачите спровеле анкета на 1230 Американци, пред и после изборите во 2012та година. Натаму, значи не станува збор за Трамп.

Откритијата се интересни. Пред изборите, 62% од луѓето, рекле дека сигурно ќе стане збор за некоја гласачка измама доколку изгуби нивниот кандидат. Но, после изборите, само 39 отсто од луѓето го задржале своето мислење. Обама ги доби изборите, па републиканците биле посклони да размислуваат за некоја форма на гласачка манипулација.

Освен тоа, луѓето кои се повеќе склони да веруваат во теории на заговор, веќе предвиделе дека поразот на нивниот кандидат делумно ќе биде поради гласачка измама.

“Теориите на заговор се за губитници”, вели ко-авторот на студијата Џозеф Ускински од Универзитетот во Мајами за PsyPost. “Теориите на заговор го следат падот, и текот на моќта, а губитниците најмногу ги промовираат и ветуваат”.

Сега, по победата на Трамп, гласините за измама доаѓаат од левицата. Но, се чини дека се поинаков развој. Републиканците во 2012та година зборуваат за измами во гласањето кога одредени кругови покажаа дека 100% од нивните гласови му припаднаа на Обама.

За ова постоеше добра причина, имено некои од тие кругови, имале доста низок гласачки одзив, во областите каде што луѓето ги поддржуваат демократите. Никаков доказ не е пронајден за да се каже дека изборите биле наместени.

Во споредба со денес, кога постои теорија на заговор дека Русија играла голема улога во изборот на Трамп за претседател. Истрагата и натаму е во тек, но споредбата на овие два избори можеби и не е најефикасна споредба.

Две одделни студии од август, оваа година, велат дека луѓето кои веруваат во теории на заговор, го прават тоа бидејќи сакаат да се почувствуваат единствени и уникатни. Можеби нивната желба за тоа е поголема откако нивниот кандидат ќе ги изгуби изборите.

Поддржете ја нашата работа: