Дали животните поседуваат математички вештини?

Се чини дека некои животни поседуваат барем една основна математичка вештина – во одредена смисла можат да бројат, вели новата студија која подетално ги истражувала вештините на мајмуните.

Во почетокот на дваесетиот век, коњот по име Паметниот Ханс од Берлин, го привлече вниманието на јавноста ширум светот. Неговиот тренер покажа како овој коњ може да брои и решава математички задачи. Тоа го правеше така што со копитото тапкаше за да покаже одреден број или точниот одговор помеѓу понудените изборни одговори.

Подоцна научниците открија дека Ханс, всушност не поседува математички вештини, но покажал завидни способности за забележување. Накратко, не можеше да одговори на прашањата на кои истражувачите исто така немаа одговор, бидејќи Ханс всушност ги читал фацијалните и телесните знаци кои човекот му ги дава за да го разбере точниот одговор.

И покрај тоа што Ханс не го положи математичкиот квиз во минатиот век, последната деценија студиите покажуваат дека и многу други животни имаат “чувство за броеви” или способност за разликување разни количини на одредени предмети.

Докажано е дека приматите поседуваат најнапредни нумерички вештини, што можеби и не е толку изненадувачки. Кон крајот на осумдесеттите години од миатиот век, научниците покажале дека шимпанзата можат да го избројат бројот на чоколади, распоредени во две чинии за храна, и да ги споредат со други две чинии за точно да ја изберат поголемата порција во 90 отсто од случаевите.

20 години подоцна, научниците покажале дека макаки мајмуните можат правилно и брзо да го дадат бројот на предметите на екранот во 80 отсто од случаевите, исто како што прават и студентите на факултет. Во понатамошните експерименти, докажано е дека мајмуните можат да пресметуваат така што го поврзуваат бројот на звуци кои ги слушаат со бројот на форми кои се појавуваат на самиот екран.

Лавовите исто така имаат чувство за поврзување со помош на звук. Претходните истражувања покажаа дека лавовите одлучуваат дали ќе пристапат или ќе се повлечат броејќи точно колку животни се јавуваат (звуци на животни кои се пренесувале од говорникот во текот на истражувањето). Некои други цицачи, вклучувајќи ги црните мечки и волците, исто така во истражувањата покажале дека имаат способност да бројат (разликуваат количина).

Пчелите пак се познати по своите извонредни знаења, вклучувајќи ги и вештините на социјалното учење и донесувањето одлуки. Научниците веќе одамна знаат дека инсектите можат да сметаат – барем до четири,. Во деведесеттите се покажало дека пчелите знаат колку далеку отстапиле од кошницата, така што тие би биле со нумеричка ориентација (до 4) и би биле збунети кога научниците би го смениле нивниот број.

За разлика од нив, рибите не се претерано познати по својата интелигенција. Сепак, и тие животни имаат чувство за броење. Студиите спроведени на Gupi рибите покажале дека тие преферираат да се приклучуваат кон повеќебројни јата, со што ќе бидат побезбедни.

Според една од студиите, дури и пилињата можат да сметаат и направат разлика од помал и поголем објект. За потврда на студијата, на почетокот на оваа година, беше направен тест со жолти пластични јајца. Откриено е дека еден мозок од кокошка со големина на орев е способен за повеќе отколку што би можело да се очекува.

 

 

Поддржете ја нашата работа: