Минатата недела, акциите на Тесла се искачија на вредност која беше доволна за вкупната вредност на таа компанија го претекне Форд, а брзиот раст се продолжи и во почетокот на оваа недела. Вчера пак, цената на акциите достигна до 312,39 долари, што ја постави пазарната вредност на Тесла, на околу 50,9 милијарди долари – нешто повеќе од Џенерал Моторс.
Со ова Тесла стана најзначајниот производител на автомобили во САД, надминувајќи ја вредноста на многу од нејзините доживотни и традиционално силни конкуренти.
Доколку вредноста на Тесла се зголеми за уште милијарда долари, оваа компанија би можела да ја престигне Хонда и да влезе помеѓу петте највредни производители на автомобили во светот, заедно со Тојота, Фолксфаген и БМВ.
Поддржете ја нашата работа: