Објаснувањето на нешто толку комплицирано како што е Ајнштајновата теорија на релативноста, не мора да биде досадно, како што ни покажува младиот Рајан Честер во неговото видео.
Ајнштајновата теорија вели дека вашето искуството кога се движите и мирувате целосно зависи од референтната рамка. Секако дека може да мирувате речиси насекаде, но не заборавајте дека и кога мирувате всушност се вртите на површината на една огромна сфера, која пак се врти околу ѕвезда, која пак се врти околу центарот на нашата галаксија, што е од особена важност за модерната физика.
Како сето ова се поврзува со брзината на светлината и зошто еден астронаут кој може да ја достигне таа брзина, патува 1 година во вселената, а на Земјата за тоа време поминуваат 30 години? Погледнете како овој млад научник на интересен начин го објаснува сето тоа. Ајнштајн би се гордеел!
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























