Толеранција на кофеин е термин поврзан со употребата на кофеин и реакциите по конзумирањето.
Толеранцијата и чувствителностa на кофеин се два различни поими. Толеранцијата се стекнува со текот на времето, додека чувствителноста се однесува на една генетска предиспозиција за обработка на молекулата на кофеин.
Кога некој прв пат конзумира кофеин, или по подолга апстиненција, тогаш тој има нула толеранција на кофеин.
Најчесто опишани ефекти на кофеинот се следниве: еуфорија, екстремна будност, позитивни чувства, зголемена мотивација и енергија.
Конзумирањето на иста количина на кофеин следниот ден ќе резултира со помал степен на тие ефекти. Како што човекот продолжува да конзумира иста доза вообичаено, ефектите прилично брзо се намалуваат.
Наскоро, истата количина на кофеин ќе произведува само „нормално” чувство, наместо сите ефекти од првичното искуство.
Под „нормално” подразбираме дневна доза на кафе без која лицето се чувствува уморно. Така, „суперчовечките“ ефекти на кофеинот се преобразуваат во нормални.
Кога некој прв пат конзумира кофеин, или по подолга апстиненција, тогаш тој има нула толеранција на кофеин.
Колку време е потребно за да се создаде толеранција на кофеин?
Една студија покажала дека целосна толеранција се случила 1- 4 дена кај испитаниците. Забележани се зголемување на крвниот притисок, зголемување на срцевата фрекфенција и епинефринот. По 1-4 дена сите функции се вратени на своите основни нивоа.
Друга студија покажала дека кофеинската толеранција се јавува делумно поради тоа што мозокот брзо создава повеќе аденозин-рецептори за да ги компензира оние кои се блокирани од молекулата на кофеинот.
Можете да го вратите почетното чувство на еуфорија доколку дневната доза се зголемува на секои неколку дена, за да се компензира за зголемувањето на аденозин-рецепторите и другите физиолошки промени.
Постојаното зголемување на кофеински дози може да биде деструктивно, па дури и смртоносно.
Ресетирање на кофеинска толеранција
Вообичаено, кај еден зависник од кофеин треба да се изврши детоксикација за да се елиминира кофеинот од неговиот систем. Ова овозможува враќање на нормално функционирање без кофеин. Ова може да потрае од 2 недели до 2 месеци во зависност од дневната доза на кафе која субјектот ја конзумирал. Билката „rutaecarpine“ одлично го елиминира кофеинот од организмот.
Со ресетирање или спречување на кофеинската толеранција, доза од околу 100-200мг. ќе ги произведува ефектите опишани погоре. Целта е да се избегне вообичаеното внесување на кофеин.
Целиот процес на ресетирање може да биде екстремно тежок за некои луѓе. Може да се чувствуваат исто како повеќето пушачи кои имаат само 3 цигари на секои 3 дена. Кофеинот предизвикува зависност и некои луѓе едноставно не можат умерено да го конзумираат.
Доколку имате изградено толеранција на кофеин, можеби е време за ресетирање.
Повремено конзумирање на кофеин
Со конзумирање на кофеин само повремено, посакуваните ефекти ќе се почувствуваат во секое време. Конзумирањето на кофеин само кога е навистина потребно, е веројатно најздравиот начин да се избегне кофеинската толеранција ( еднаш или двапати неделно со неколку дена помеѓу секоја доза).
Конзумирањето на кофеин премногу доцна во текот на денот има поголема шанса да резултира со несоница таа ноќ, односно со нула толеранција.