Трансплантација на лице

93 дена по операцијата, хирурзите објавија дека најобемната трансплантација на лице што досега е извршена може да се смета за успешна. Хирурзите ја сметаат трансплантацијата за успешна бидејќи се поминати 90 дена, период во кој докторите очекуваат да се појават знаци на отфрлање.

Пред трансплантацијата, на лицето на Хардисон биле направени над 70 реконструктивни хирушки интервенции, но не бил постигнат добар успех. Трансплантацијата траела 26 часа, а била изведена од два хируршки тима сочинети од повеќе од 100 лица – хирурзи, медицински сестри и друг медицински персонал, на чело со д-р. Едуардо Д. Родригез.

Донор на лицето бил 26-годишен уметник од Њујорк, кој настрадал при велосипедска несреќа.

За да постигнат правилна форма на лицето, Родригез и неговиот тим изработиле 3Д печатени модели кои се користеле како шаблони за лицето и главата на донорот, за да би можеле сите делови совршено да се вклопат на главата на Хардисон. Биле изработени и специјални плочки и завртки за да се постигнат што посовршени контури и симетрија на лицето. Во лицето на Хардисон биле трансплантирани и посебно одбрани коскени структури за да го реконструираат неговиот нос, брада и образи. Успешно е воспоставена циркулацијата во лицето, како и подвижноста на усните и очните капаци, со што потполно му бил вратен видот на Хардсон, кој пред тоа бил речиси слеп. Заедно со ушните школки биле трансплантирани и ушните канали од донорот.

Постапката е опишана во „Plastic and Reconstructive Surgery“.

Три месеци по операцијата, Хардисон добро се опоравува, но ќе мора да помине екстензивна физикална терапија за да постигне цврстина и издржливост на мускулите на лицето.Тој ќе треба и повторно да „учи“ како да зборува и да голта. После 14 години почнал повторно да се бричи, а следна негова цел е да почне повторно да вози автомобил.  

 

Поддржете ја нашата работа: