Третирање инфекции без антибиотици

Научниците од Универзитетот во Берн развија супстанца за третман на тешките бактериски инфекции без антибиотици, што би ја спречило отпорноста на бактеријата на антибиотиците.

Уште од развојот на пеницилинот пред околу 90 години, антибиотиците се „златниот стандард“ во третманот на бактериските инфекции. Меѓутоа, СЗО постојано предупредува за забрзаното ширење на бактериите кои развиле отпорност на антибиотиците. Ако антибиотиците не делуваат на бактериските инфекции, дури и обично воспаление може да биде фатално.

Тим од интернационални научници тестирал нова супстанцa, развиена од страна на Едуард Бабичек и Анет Дрегер од Институтот за анатомија на Универзитетот во Берн, Швајцарија. Ова соединение претставува нов пристап за третирањето на бактериските инфекции: научниците создадоа вештачки наночестички направени од липиди, „липозоми“ кои потсетуваат на мeмбраната на клетките-домаќини. Овие липозоми дејствуваат како мамки за токсините на бактериите и на тој начин ги издвојуваат и неутрализираат.

Без токсинот, бактериите се беспомошни и може да бидат елиминирани од страна на клетките на имунолошкиот систем на домаќинот. Истражувањето е објавено во „Nature Biotechnology“ на 2-ри ноември.

Вештачка мамка за бактериските токсини

Во медицината, липозомите се користат за испорака на одредени лекарства во телото на пациентите. Научниците од Берн создадоа липозоми кои го привлекуваат токсинот од бактериите и со тоа ги штитат клетките-домаќини.

„Бидејќи липозомите не целат директно на бактеријата, таа не развива отпорност на антибиотиците“, вели Анет Дрегер.

Глувците, кои биле третирани со липозоми, после експериментално фатално труење на крвта, преживеале без дополнителна терапија со антибиотици.

 

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}
Поддржете ја нашата работа: