На списокот на изумрени птичји видови во дивината неодамна се придружи и видот на реткиот папагал, кој беше инспирација за главниот лик во анимираниот филм “Рио” од 2011та година.
Спикс макао (Cyanopsitta spixii) која и тогаш беше на црвената листа, доживеа светска слава во анимираниот филм “Рио” како неодолив папагал по име Блу, кој патува илјадници километри во обид да го спаси својот вид. Сепак, студијата која е објавена оваа недела, открива дека оваа бразилска птица е веќе изумрена во дивината.
Овој папагал е еден од осумте видови на птици – половина од нив во Бразил, за кои е потврдено, или постои сомнение дека се изумрени. Според извештајот на организацијата BirdLife International, уништувањето на шумите е главна причина за исчезнувањето на овој син папагал од своето природно живеалиште.
За прв пат изумирањето на копно го преминува изумирањето на островите, се наведува во студијата.
“20% од истребувањето на птици во последните неколку години се случува на островите. Резултатите од истражувањето покажуваат дека бранот на истребување се шири на континентална почва, во повеќето случаи предизвикани од човекот како главен фактор”, вели Стјуарт Бухарт, главен автор на студијата.
Сепак, сето ова не значи дека веќе нема надеж за птиците како Блу. Во извештајот се вели дека, иако овој вид изумира во дивината, сепак постојат од 60 до 80 единки од овој папагал во зоолошките градини.