Научниците имаат план како да го вратат од мртвите каспискиот тигар

Каспискиот тигар, „Panthera tigris virgata, е подвид на тигар кој изумрел во средината на дваесеттиот век. Тежок повеќе од 136 килограми и спаѓа во категоријата на најголемите забележани мачки.

Една нова студија, објавена во списанието „Biological Conservation“ ветува дека наскоро овој тигар ќе го видиме повторно, благодарение на друг подвид на тигри, чие природно живеалиште е во област на источна Русија.

Меѓународниот истражувачки тим, кој е финансиран во склоп на Светскиот фонд за природа (WWF), има амбициозен план да фати неколку генетски слични видови на тигар и да ги однесе во средна Азија.

Судбината на каспискиот тигар е одлучена во време на руската колонизација на регионот, кој денес вклучува делови од Русија, Монголија, Кина, Казахстан, Ирак, Авганистан и неколку други средишни земји на Азија.

Не само што природните живеалишта на тигарот се претворени во обработливо земјиште, туку тие се и истребени со лов.

Интересно е дека современата генетска анализа на подвидот сибирски (Амур), тигар чие живеалиште се наоѓа во Русија, открила два подвида кои неодамна се појавиле од заеднички предок.

Сибирскиот тигар се’ уште може да се најде во дивината, а иако е класифициран како редок вид, може да се сретне и во планинскиот регион “Sikhote Alin“, и во провинцијата “Приморје“, источна Русија.

Мапирањето на геномот открива дека заедничкиот предок на сибирскиот и каспискиот тигар ја населил средна Азија, па се до источна Кина пред околу 10.000 години, во време на последниот глацијален максимум.

slika1-3
И покрај малите физиолошки разлики, се смета дека каспискиот и сиберскиот тигар не се разликуваат многу на генетско ниво.

Се смета дека миграцијата на сибирските подвидови во поднебјето на некогашниот касписки тигар е одличен начин за негово повторно развивање.

Веќе е пронајдено потенцијално живеалиште во Казахстан кое би можело да поддржи популација од 100 тигри во следните 50 години. Се чини дека овој проект доби зелено светло од регионалните и владини агенции.

Видовите на плен кои ги лови овој тигар, како што е еленот и дивите свињи, потребно е да се пренесат во друго избрано живеалиште, а снабдувањето со вода во природните резервоари треба внимателно да се регулираат и заштитат.

Целиот овој проект е долготраен доста комплексен, но ќе ни овозможи “враќање од мртвите” на едни изумрени животни.


Поддржете ја нашата работа: