За да се користи, треба да се стави лименка или шише пиво во внатрешноста на машината, да се вметне цевката во пивото и да се затвори капакот. Пивото е веднаш готово и со помош на движење на рачката нанапред се става пиво во чаша, а со движење наназад густа пена.
Уредот “Fizzics“ е компатибилен со сите стандардни шишиња и лименки пиво, а основачите препорачуваат секогаш да се користи ладно пиво за оптимални резултати.
Се очекува да се продава по цена од 199 долари, или околу 180 евра. Со оваа цена, “Fizzics“ не е наменет за оние кои го пијат најевтиното пиво од продавница, туку за оние ентузијасти кои секогаш сакаат да уживаат во вкусот на најдоброто можно пиво.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























