Елимирањето на месо не ја прави исхраната поздрава, вели студијата објавена пред неколку дена во списанието Journal of the American College of Cardiology.
Всушност студијата утврдува дека повеќето од учесниците, кои претежно се хранат со растителна храна, вегетеријанци и вегани, конзумирале повеќе процесирана храна и засладени напитоци и кај нив голема е веројатноста да се здобијат со срцева болест, за разлика од лицата кои избегнуваат таква исхрана, па дури и ако тоа значи умерено земање на месни производи.
Некои претходни студии дошле до заклучок дека луѓето кои се прерлиле на вегетеријанска исхрана имаат подобро кардиоваскуларно здравје. Во суштина, сите студии се склони сите видови базирани на растенија да ги ставаат во иста група. Но всушност, тоа е малку посложена тема.
“Истражувањата во врска со вегетеријанската исхрана не прават разлика помеѓу различните квалитети на растителната храна”, вели Д-р. Амбика Сати Харвард, школата за јавно здравство.
Одредена растителна храна, како целите зрна, овошје и зеленчук е поврзана со мал ризик за дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести. Но друга растителна храна, особено ако не вклучува сезонско овошје, е поврзана со зголемен ризик.
Користејќи медицински податоци на околу 200 000 лица, научнците формирале три групи на учесници и ги следели во текот на една година, кај која група најмногу ќе се развие ризик од кардиоваскуларни болести. Се покажало дека луѓето кои конзумиралездрава растителна храна биле први на таквата листа.
Студијата охрабрува во смисла на тоа дека не треба целосно да се исфрли храната од животнинско потекло за да имате здраво срце. Умереното конзумирање на месо е корисно за срцето, а таквиот начин на исхрана е прифатлив за многу луѓе бидејќи ќе се избегнат екстемни промени.
































