Вграден првиот вештачки панкреас

Во детската болницата „Принцеза Маргарет“ во Перт , на детето му е поставен уред сместен во торбичка што ја носи на појасот.

И досега постоеја инсулински пумпи, но разликата е во тоа што овој уред во него има компјутерски алгоритам кој може да го предвиди нивото на глукозата во крвта. Уредот е во состојба да го почувствува нивото на глукоза во крвта, да предвиди кога нивото ќе опадне и да спречи инсулинот да биде внесен, освен кога е неопходно.

Со тоа се спречува појава на хипогликемија, особено ноќе, што може да биде причина за напади, кома , а понекогаш може да биде и фатална.

Инсулинот се внесува преку пластична цевка , која заедно со сензорот се поставени под кожата.

Новиот уред е комерцијално достапен и чини 10 000 долари (околу 9 000 евра). Може да се користи и кај деца и кај возрасни.

Бидејќи  уредот добро функционира кај детето, докторите се подготвуваат ваков уред да постават и кај една жена. Таа ќе биде првата возрасна личност и втора личност  воопшто , која ќе носи ваков уред.

 

Поддржете ја нашата работа: