Роботот за компонирање користи deep learning алгоритми и база на класична, џез и поп музика.
Д-р. Мејсон Бретан од Универзитетот во Грузија, институтот за технологија (Georgia Tech), после седум години развој, го претстави роботот наречен Deep Shimon, кој е во состојба да свири маримба со помош на четири раце и осум палици, но и самиот да компонира мелодии за ваквиот вид на перкусии, а како тоа звучи погледнете на видеото.
Бретан и членовите на неговата лабораторија го опремиле роботот со алгоритми за длабоко учење и го нахраниле со база од 5000 музички композиции од разли стилови кои вклучуваат изведувачи и композитори како Лејди Гага, Мајлс Дејвис, Бетовен, и повеќе од 2 милиони тонови, рифови, акорди, хармонија и други музички елементи.
Пред роботот да почне со компонирање, му се даваат четири тактови, при што самиот развива целосна композиција која веднаш може да се изведува на маримба.