Виетнамскиот пигмејски глушец е толку слеп – еднакво како лилјак, и се снаоѓа буквално исто како него. Научниците откриле дека овој мал, пргав, кафеав глодар (Typhlomys cinereus chapensis), кој живее во Виетнам и некои делови од Кина, ги користи звучните бранови за да добие контрола на ориентација во околината каде што се наоѓа.
Испитувањата на глувци во зоолошката градина во Москва открил дека овој вид не забележува објекти, а меѓу другите нешта и поради навалената мрежница и малиот број неврони, способни за собирање на визуелните информации.
Кога истражувачите ги снимиле овие глодари, дошле до сознание дека тие прават ултразвучна бучава, слична на звуци кои ги користат неколку видови на лилјаци. Овие звучни бранови се одбиваат од објекти, дозволувајќи му на глодарот да ја насети неговата околина (echolocation).