(ВИДЕО) Темната страна на Месечината

Камерата на сателитот „DSCOVR“ на НАСА сними уникатна глетка на Месечината како што се движи пред осветлената страна на Земјата. Серијата слики ја покажува темната страна на Месечината која никогаш не може да се види од Земјата.

„Изненадувачки е тоа колку Земјата е посветла од Месечината“, вели Адам Сабо, еден од истражувачите кои работат на проектот.

Овие слики се направени на 16 јули од сателитот „DSCOVR“ кој ги набљудува соларните ветрови во реално време за Националната океанска и атмосферска администрација.

Поддржете ја нашата работа: