Витаминот Ц, ефикасен во борбата против ракот

Според Светската здравствена организација, ракот денес е  втора  водечка причина за смрт од која во 2015 година починале скоро 9 милиони луѓе.

Се очекува бројот на новозаболени од рак на глобално ниво да се  зголеми за околу 70 проценти во следните 20 години.

И покрај тоа што постојат бројни третmани,  тие не се секогаш  ефикасни, повеќето од нив се токсични и предизвикуваат сериозни несакани ефекти.

Во поагресивните случаи на рак, третманите не делуваат и се верува дека клетките на ракот слични- на матични клетки се причината ракот повторно да се враќа и да метастазира.

Истражувачите од Универзитетот Салфорд во Манчестер,  Велика Британија, ја тестирале  ефикасноста на три природни супстанции ( фенетил естер на кофеинска киселина,  силибинин и аскорбинска киселина – витамин Ц), три експериментални лекови (actinonin, FK866, и 2-DG), и еден клинички лек (stiripentol)  во спречување на растот на овие канцерски матични клетки (cancer stem cells (CSCs.)).

Резултатите покажале дека  најефикасно делуваат  „actinonin“ и  „FK866“. Но,  исто така се покажало дека и природните супстанции го спречуваат формирањето на  „CSCs“, со тоа што  витаминот Ц е 10 пати поефикасен од експерименталниот лек  „2-DG“. Покрај тоа , истражувањето покажало дека витаминот Ц  делува преку  инхибиција на гликолизата – процес кога  гликозата се разложува во  митохондриите на клетките и ја претвора во енергија потребна за пролиферација  на клетките на ракот.

„Ова е уште еден доказ дека витаминот Ц и другите нетоксични соединенија може да играат голема улога во борбата против ракот, како додаток на конвенционалната терапија, за да се спречи повторувањето на туморите и метастазите“- вели др.Глорија Бонучели, водач на истражувачкиот тим.

Истражувањето е објавено во списанието  „Oncotarget“.

Поддржете ја нашата работа: