Влијанието на стресот врз неродените бебињата

Малата големина на фетусот е често знак на лоша исхрана на фетусот за време на бременоста и може да биде ризик фактор за дијабетес тип 2 и дебелината подоцна во животот.

„По терористичките напади на 9/11, многу мајки кои биле бремени во моментот родиле мали бебиња”, објаснува главниот  автор. „Тоа најверојатно се должи на продолженото ниво на стрес.

Пишувајќи во „Journal of Physiology“, д-р Овен Вон, објаснува како тие користеле бремени глувци за откривање на ефектите од зголемувањето на нивото на хормонот на стрес  врз растот на фетусот. Глувците се одличен избор за истражување бидејќи нивниот хормонален одговор на стресот  е многу сличен со оној на луѓето.

 На глувците им бил даден кортикостерон (хормонот на стресот) во нивната вода за пиење во доцната бременост. Потоа им била мерена количината на глукоза која поминува низ плацентата на фетусот.

Со зголемувањето на нивото на стрес- хормонот, се намалува количината на глукозата која поминува низ плацентата на фетусот во развој. Глукозата (шеќер) е од витално значење за феталниот раст, па намалување на нејзината достапност резултира со помали деца.

Интересно, кога нивото на стрес- хормонот било зголемено, глувците јаделе повеќе. Спротивно на она што  најчесто се претпоставува, тоа исто така, доведува  до намалување на нивото на глукоза која преминува во плацентата, дури и кога има повеќе глукоза во крвта на мајката. „Mожно објаснување е дека плацентата самата го штити фетусот од покачени нивоа на глукозата кај мајката“, шпекулира Вон.

Глукортикоидните нивоа, исто така, се зголемуваат за време на континуиран стрес. Иако не е потврдено во ова истражување, многу е веројатно дека слични механизми се одвиваат во текот на бременоста. Високото ниво на стрес може да влијае на расположливите хранливи материи на фетусите. Последиците за жал, се чувствуваат долго по раѓањето.

Кога зборуваме за ефектите на стресот, не мислиме само на напорен работен ден. Фокусот е ставен на континуираниот стрес. Тој најчесто е неизбежен, на пример, поради смртен случај во текот на бременоста или природна катастрофа.

Доколку го одгатнеме начинот на кој плацентата реагира на стрес, би можеле да се развијат заштитни функции од промените на животната средина на мајката.

Поддржете ја нашата работа: