Технологијата опфаќа голем број превентивни и терапевтски интервенции вклучувајќи вакцини, лекови, инженеринг или модификација на физичката или социјалната средина. Примарна цел е максимизирање на способноста на детето да функционира самостојно и да извршува активности од типот на хигиена, мобилност, како и социјалните односи. Друга главна цел е минимизирање на влијанието кое го има хендикепот на детето врз старателите и потребата од нивна директна помош.
На одредено ниво, според тоа, дефиницијата за хендикепот, попреченоста и улогата на технологијата е детерминирана од распространетоста на одреден недостаток и општествената реакција на него.
Интеракцијата помеѓу технологијата и хендикепот е мултифакторијална и динамична. Меѓутоа, наспроти иновациите кои се наменети за лицата со попреченост, постојат и оние за широката популација кои глобално го менуваат начинот на функционирање. Компјутерите и паметните телефони им го отежнуваат животот на слепите лица, аудиокомуникацијата е товар за глувите.
Технологијата, исто така, игра важна улога во навременото дијагностицирање и потенцијалниот прекин на болести како што се фенилкетонурија и други генетски нарушувања; раната дијагноза може да го дозволи почетокот на спроведувањето на превентивните интервенци. Брзиот напредок во терапевтските интервенции, исто така, во многу случаи го намалува влијанието на попреченоста на секојдневното функционирање и целокупниот општествен ангажман. Пренаталните анализи влијаат и на системот на посвојување, затоа што посвојувачите најчесто имаат одредени преференции.
Проблеми се јавуваат кога развојот на техногијата доаѓа во судир со досегашните обрасци на функционирање. Здравственото осигурување не ги покрива сите расходи, а некои од помагалата се прилично скапи, на пример автоматската инвалидска количка.
Помошната технологија претставува специјализирана адаптација на одредени уреди и се разликува од технологијата воопшто, врз основа на реткоста на одредена човечка потреба, па производителите често создаваат монопол.
Алтернативниот пристап гледа на дизајнот на технологијата за лицата со хендикеп, како дел од основниот дизајн на какви било технолошки иновации. Обично се нарекува „универзален дизајн”. Идејата гласи „дизајнот на сите производи и опкружувања да биде употреблив за луѓето од сите возрасти и различни способности во најголема можна мера“. Овој пристап не зависи од реконфигурација на општата технологијата за да ги задоволи специфичните барања на лицата со хендикеп. Наместо тоа, од самиот почеток се дизајнираат иновации достапни за сите. Идејата е првично да се намали „дигиталниот јаз” кој го создава постоечката технологија, но позитивните ефекти се многу подолгорочни.