Во блиска иднина бравите ќе се чистат сами

Лабораторијата за напредна енергија и материјали во рамките на Универзитет во Кентербери, Нов Зеланд засега спроведува истражувања преку кои сака да создаде смеса која што ќе овозможи самостојно чистење, односно уништување на бактериите кога се изложени на светлина.

Смесата е направена од нетоксична фотокатализаторска керамика, која произведува кислородни радикали на површините обложени со неа. Исто така таа ќе ги согорува микробите на површината направени при контакт со валкани раце или од патогени бактерии во воздухот.

Професорката Сузан Крамдек, една од авторките на студијата, истакнува дека потребата за ваков изум е поголема од кога било досега.

„Инфекциите што се јавуваат во болниците имаат влијание врз болните и здравите луѓе и најчесто се пренесуваат преку случаен трансфер, а поретко со прекршување некои од правилата и протоколите за хигиена“, вели таа.

Истражувачите велат дека технологијата за изработка на смесата Универзитетот ја развивал во последните 10 години, а таа би можела да влезе во производство до 2020 година или порано.

Поддржете ја нашата работа: