Секојдневното туширање не е добро за вашето здравје

Иако навиките за одржување на телесна хигиена кај луѓето се различни, се смета дека секојдневното туширање е добро, дури и ако не е неопходно. Меѓутоа науката не се согласува со ова.

Новото истражување, спроведено во Научниот центар за генетика на Универзитетот во Јута, покажало дека не треба да се чувствувате виновни доколу го прескокнете туширањето еден ден, бидејќи секојдневното миење на телото може да донесе повеќе лоши отколку добри резултати.

Доколку не се истуширате неколку дена, ќе имате чувство дека сте нечисти, и ќе биде во ред да се истуширате, но претераното секојдневно миење, може да го наруши микробиолошкиот состав на бактериите, вирусите и другите микроби кои живеат на нашето тело.

Се работи за организми кои играат многу важна улога за нашето здравје, а нивното уништување може да доведе до развој на разни болести.

Една студија пак, спроведена во Амазон, вели дека тамошните жители имаат побогат систем на бактерии на кожата. На нивната кожа се откриени бактерии кои се отпорни на антибиотици, дури и доколку немале никаков контакт со нив.

Истражувањето потврдило дека начинот на живот, кој вклучува постојана употреба на шампони и сапуни влијае на микробиолошката разновидност.

Точен податок за прашањето, колку често треба да се тушираме, научниците веќе ги изнесоа став минатата година.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.