Ова е селото на долгата коса во Кина

Селото Хуанглуо во Кина е познато како „Село на долга коса“ каде живеат над 200 жени со долга коса до два метра. Тие велат дека и посветуваат големо внимание на косата стотици години наназад, бидејќи веруваат дека долгата коса е симбол на убавината.

Жените кои живеат во ова село велат дека доаѓаат разни посетители за да ја дознаат тајната за нивната убавина .

Кога бевме млади, ја миевме косата со ферментирана оризова вода и затоа немаме бела коса дури и по 80 години живот. Секои три дена ја миеме косата. Мојата коса е долга 1,6 метри. Јас последен пат ја кратев косата на 17 години, потоа никогаш. Немажените девојки, ги држат косите врзани, а потоа ставаат и шал. Ноќта кога ќе се омажат, го тргаат шалот“вели една од жените.

Оваа традиција за долга коса е стара 3.000 години. Луѓето со долга коса се сметале за свети и се дел од нивната култура.

Поддржете ја нашата работа: